Костимот со панталони е типична гардероба на секоја деловна жена – строг и професионален, најчесто црн, сив или тегет. Кога се работи за бизнис-облеката, лесно може да се влезе во рутина обоена со сивило. Но, не мора да е така. Може да внесете нова димензија во работната облека, до ниво кое ви дозболуваат деловните кодови, барем во пролетните и летните месеци кога си дозволуваме дури и полежерни комбинации. Периодов деловниот костим може го разведрите со поинтензивни бои, дури и со некој ситен живописен принт. Светлите и бежовите костими се секогаш опција во пролетно-летната сезона, сега деловниот изглед може да го дополните и со други бои – пастелни тонови или поинтензивни нијанси.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари