Миланската модна недела беше во знакот на ревиите на реномираните модни куќи, ама во фокусот беше и уличната мода во која забележавме дека модните уреднички, трендесетерките, блогерките почнаа да ги носат пролетните трендови. Преовладува неутралната палета од беж, коњак и карамела тонови, а има и доза на пастелни бои. Клучни парчиња се предимензионираните сакоа и панталоните со висока половина. Мантилите и сакоата се идеални за овој преоден период, а ќе ги носиме и во првите пролетни месеци. Актуелни се комбинезоните со референца на работничките одела, а очигледно е дека бермудите се враќаат во мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.





































Нема коментари