Во пријатниот амбиент на ресторанот „Воденица Мулино“ во присуство на успешни и модерни дами вчеравечер беше промовиран новиот македонски бренд за луксузни чанти SI MIAMI. Зад новата етикета стојат Светлана Петровска и Ирена Николовска, две успешни деловни жени, чија пасија се убавите чанти. Велат дека овој бренд го создале со љубов мотивирани од личната потреба за креирање чанти кои ги следат потребите на современата жена. Тие веруваат дека чантата како неделлив дел од животот и стилот на една жена е воедно и нејзин најдобар пријател, некој кој навистина ја сака. Во себе ја чува нејзината приватност, а со изгледот комуницира со надворешниот свет, дава нејзин белег и го штити нејзиниот стил. Името SI MIAMI е спој на првите букви од имињата на Светлана и Ирена и латинскиот збор MI AMI (Ме сакаш). Со оваа игра на зборови сакаат да потсетат на љубовта меѓу жената и нејзината чанта.

Ирена Николовска и Светлана Петровска (лево) на промоцијата во „Воденица Мулино“
Во првата нива колекција, која е наменета не само за домашниот туку и светскиот пазар, понудени се луксузни чанти изработени од кожа. Дизајните се замисла на Петровска и Николовска, а резлизирани се со стручни лица и во консултација со експерти од земјава и светот. Застапени се големи чанти, кои ќе ги соберат сите потребности на деловните жени, како и плико и мали модели, наменети за посвечени пригоди. Парчињата во црна, црвена, крем, темнозелена, пудра розова, сребреникава и кафена боја достапни се за нарачка на сајтот на брендот http://www.si-miami.com/
Нема коментари