Архитектурата од светските метрополи била инспирација за уникатните прстени на руската златарка Ола Шектман. Идејата за ваква колекција настанала од патувањата на дизајнерката, која со своето семејство секоја година се селела во различен град. Во тој период добро ги запознавала градовите и нивните најзначајни обележја ги применила при изработка на прстените. Досега се изработени елегатни претени со симболите на Барселона, Лондон, Сан Франциско, Чикаго и други.
Оваа дизајнерка на накит е родум од Сибир, се школувала во Санкт Петерсбург, а повеќе години живее во САД. Првично рачно ги создавала своите креации, а сега веќе користи 3Д принер, што ѝ овозможува поефикансо производство и продажба на накитот. Покрај прстени, архитектонските зданија ги вметна и на приврзоци за ѓердани.
Нема коментари