Компаниите L’Oréal Paris и „Балман“ тукушто ја открија кампањата од заедничката соработка на капсулната колекција на кармини, а на промотивните фотогарфии се појавуваат 12 манекенки од различен етникум со што се испраќа порака за диверзитет и женска еманципираност. Кампањата ја фотографираше Нико Бустос, а се појавуваат девојките од „Балман армијата“ со различно потекло како Дуцен Крос, Нилан Гил и Алексина Греам, облечени во креации од „Балман“ и нашминкани во 12 различни бои на кармини.
Според објаснувањето на брендовите, кастингот ги рефлектира „трите племиња на L’Oréal Paris и „Балман“ женственоста“, претставени во трите теми на колекцијата на кармини – рок, висока мода и гламазон. Секоја тема содржи четири бои кои одговараат на различен тен на кожа, што исто така ја испраќа пораката за различност во убавината. Линијата на кармини на пазарот ќе се појави во првите денови на септември.
Нема коментари