Гастро трендовите во последниве години изненадуваат на повеќе нивоа, најново е безбојното кафе кое го има вкусот на регуларното кафе, но без да остава темни дамки на забите. Плус, содржи само две калории, изгледа сосема невообичаено за кафе бидејќи е проѕирно, а е направено од најквалитетното кафе од видот кафе арабика и од чиста вода.
Овој напиток за кој сите зборуваат во последно време е CLR CFF, првото проѕирно кафе во светот. Зад производот стојат браќата Дејвид и Адам Неги од Лондон, кои го направиле ова безбојно кафе со помош на „напредна технологија“, посебна инфузија на свежо пржени зрна на кафе што се прави во одредено време. Тие наведуваат дека нивното Clear Coffee не содржи вештачка арома, конзерванси, стабилизатори, шеќер и засладувачи. Кафето е спакувано во проѕирно шише, засега се продава во Лондон, во продавниците на Whole Foods и во Selfridge’s, како и на интернет на нивниот сајт, но се очекува се прошири продажната мрежа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари