Чизми во војнички стил и оксфорд-чевли во интензивни бои се дел од модната понуда на сè популарниот бренд Inch² кој доаѓа од Рига, Латвија. Философијата на брендот е да создаваат рачно изработени обувки за луѓе со силен харизматичен карактер, а нивните модели и приказна се шири брзо благодарение на социјалните мрежи. Брендот постои неколку години, базиран е во Рига, обувките се изработуваат од најквалитетна кожа од Италија и Холандија, имаат ѓон кој специјално за брендот се произведува, и иако во асортиманот имаат и облека, чевлите и чизмите се оние кои го крадат вниманието.
Моделите на Inch² спојуваат навидум неспоива естетика за да се добијат женски чевли со машки карактер, во стилот „а la garçon“. Но, со тоа не губат на својата женственост и елеганција. За претствојната студена сезона брендот предлага повеќе видови чизми, од кои се издвојуваат оние со моторџиск0-војнички изглед, а во интернетска продавница ќе најдете и ниски мокасини, кожени патики, чевли со високи потпетици, машки обувки и облека.
Back to black #autumnmood #style #black #streetstyle #blogger #ageless #mulberry #inch2 #riga #latvia A post shared by Una (@unaulme) on
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари