Пејачката се појави топлес на насловната на британски Elle облечена само во здолниште од „Диор“, алка од „Картие“, а во фокусот на фотографијата на Томас Вајтсајд е нејзината тетоважа. Рита Ора за мајското издание на магазинот открива дека тетоважата е инспирирана од илустрација на Алберто Варгас. „Работена е според оригинално дело на Варгас, неверојатен илустратор од 30-тите, кој воедно е еден од творците на pin-up имиџот“, вели пејачката и додава дека долго време била опседната со сликата сè додека пред шест месеци не одлучила да ја истетовира.
Нема коментари