Вистински спас од летните горештини можеме да најдеме во домашно подготвен леден чај кој ќе нè освежи и хидратизира во исто време. Водата е задолжителен пијалак преку целата година, но вистинско летно освежување можеме да постигнеме и со ледени чаеви. Еве еден едноставен начин на подготовка на леден чај со вкус на бобичесто овошје кое ќе го изберете по ваш вкус – малини, капини, боровинки, јагоди…
Потребни се:
5 вреќички црн чај
3о0 гр овошје
2 лажички исечкано нане
1 литар вода
20 гр кафеав шеќер (или природен засладувач)
Подготовка:
Загрејте 8 дл вода и додадете ги вреќичките чај и нането, потоа оставете да отстои 10 минути и исцедете. Ставете ги преостанатите 2 дл вода во тенџере заедно со шеќерот и оставете да се вари додека шеќерот не се растопи. Кога малку ќе се излади, ставете го овошјето исечкано на парчиња и мешајте додека не се добие компактна мешавина. Оставете да се олади. Добиениот сируп од шеќер и овошје додадете го во чајот, добро измешајте и добиениот напиток ставете го во фрижидер. Служете со коцки мраз и со парчиња овошје.
Нема коментари