Супермоделката Иман докажува дека возраста е само бројка, а не и состојба на умот постирајќи повеќе мотивациони пораки на „Инстаграм“ на својот 60-ти роденден. Сомалијката Иман во саботата наполни 60 години, ама изгледа далеку помлада. А и се чувствува прекрасно. „Никогаш не сум се чувствувала поудобно во сопствената кожа како сега“, пишува Иман за грациозното стареење на „Инстаграм“ заедно со серија на фотографии и животни лекции подредени под #IMAN.
Легендарната Иман Абдулмаџид кариерата ја почна во 1975 година и многу брзо стигна до врвот. Таа година Сомалијката на студиските престој во Најроби доаѓа во Њујорк и за кратко време еден од првите ангажмани го добива токму во Vogue. За кратко време стана муза на повеќе дизајнери, како Ив Сен Лоран, Келвин Клајн и Дона Каран, а соработува со најпознатите модни фотографи, почнувајќи од Питер Берд кој тврди дека Иман е негово откритие, до Хелмут Њутон, Ричард Аведон, Ирвинг Пен. Во 1994 година ја лансира сопствената козметичка линија наменета за жени со темен тен, вклучена е во работата на повеќе организации за спас на децата во Африка, а повеќе од 20 години е во брак со подеднакво харизматичниот музичар Дејвид Боуви.
Нема коментари