Правилото на облекување во вид на сендвич не е ново, но е ефектно во однос на комбинирањето на облеката и креирњето успешен стајлинг. Основнaта идеја е да носите соодветна нијанса на чевли и горна облека, потоа во средината на стајлингот, како во средината на сендвичот, да вметнете различна боја. Понекогаш сендвич-облекувањето се однесува на пропорциите.
Ова го објаснува британската модна инфлуенсерка Лидија Томлинсон, која на социјалните мрежи сподели како се постигнува ова стилско правило.
-Кога мислите на сендвич, тој има леб горе, леб на дното и нешто различно во средината. Ова создава избалансиран ефект на сендвичот. Истите правила може да се применат и на вашата облека.
Објаснувајќи го сендвич-правилото прво преку бои, таа покажува разликата во импактот помеѓу целосно неутрална облека со груби црни чизми и истата облека со додатоци во црна боја.
-Масивните чизми кога се носат со лесна облека прават чувство на грубост во долниот дел, за да ги избалансирате чизмите, постојат неколку трикови што можете да ги користите. Модние додатоци употребете ги за да додадете потемните бои во горниот дел на облеката – како сендвич, ние го пресликуваме она што е во долниот во горниот дел.
Ако носите широки парчиња облека, како во нејзиниот пример во видеото – сив капут, сив џемпер и сиви широки панталони со груби чизми, го немате постигнато сендвич-правило. Наместо тоа широките панталони заменети ги тесни црни хеланки и сега со играта на бои и пропорлии сте постигнале сендвич-облекување.
Пропорциите моѓат да се искористат обратно – на пример тесна блуза и деликатни сандали и во средината широки фармерки.
Еве уште неколку комбинации во стилот на сендвич-облекување:
Нема коментари