Откако лансира линија на чевли со свој потпис, ѕвездата на „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер, оствари соработка со тимот на брендот за обувки, Тome, јавува Vogue. Со помош на главните дизајнери на етикетата, Рајан Лобо и Рамон Мартин таа креира мини колекција на чевли со високи потпетици. Актерката изјави дека претходно не се познавала со креаторите наTome, но од страна им се одшевувала на добрата работа. И Лобо и Мартин се одушевени од можноста да соработуваат со модната икона.
-Таа не е само актерка која многу ја почитуваме и жена што ја обожуваме, туку таа е и неверојатно модно наследство. Таа е слика за жените што влијаеле на нашите колеции . Таа е посветена и има работна етика, три деца, филмска кариера и линија на чевли. Кој има време за сето тоа? -велат дизајнерите.
Нема коментари