Кружната, торбеста чанта со рачки или отвор во облик на стегач се предвидува дека ќе биде хит чанта на 2018 одина. Од кадифе, брокат или сатен, малку згужвани и со помала димензија, ваквите чанти имаат еден елемент на scrunchie-стегач, кој нè потсетува на трендот на стегачи со ткаенина од 90-тите, толку популарен и омразен во исто време. Бидејќи потсетува на овие стегачи, затоа некои модни публикации чантите ги именуваа Scrunchie Bag. Трендот прво беше забележан во колекција на The Row, брендот на сестрите Олсен, потоа и кај други брендови, а свои верзии има и во понудата на „Манго“ и „Зара“. Овие елегантни мали чанти се надоврзуваат на моделот на корпа-чанти, и иако имаат посвечен изглед, добро се комбинираат и со полежерни парчиња.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари