Малите нешта ги прават големите работи да изгледаат како што ние ги перципираме, вели Ренато Крaљев, мастер готвач и декан и професор за Задарскиот факултет за гастрономија. Ренато има еднодневна презентација во склоп на Skopje Design Week, на која ќе ги пренесе тајните на гастрономијата од Задар и околина, како и малите нешта кои што се клучот на успешен туризам и угостителство.
-Задар разви одлична туристичка понуда базирана на мали локални настани, врвно кулинарство, фестивали и слични случувања, сезона која не трае само два месеци (јули и август) како на многу други приморски места. Сите капацитети чиј број кои во последниве пет години се зголеми за 200%, работат со полн капацитет од април до октомври. Зборувам за хотели, ресторани, кампови и други ХОРЕКА објекти. Не случајно Хрватска увезува голем број на сезонски работници од Македонија секоја година, и овој број само ќе расте во иднина.
-Кај вас во Македонија во последниве 10 години се води малку негативна кампања за Хрватска, се зборува дека Хрватска е скапа дестинација, а дека Грција не е. Секојпат се истакнуваат само цените во Дубровник, кој е скап град, но другите градови имаат идентични цени со вашите, кои можат да бидат за 20 до 25 проценти повисоки во сезона. Анализите на пазарот покажуваат дека хрватските цени во поглед на тоа што ние го нудиме се многу попогодни и ценовно и културолошки, а да не спомнувам дека ние ја цениме многу Македонија и македонската култура, за разлика од другите земји – додаде Ренато Краљев.
Затоа и на оваа голема презентација за време на Skopje Design Week, ја презентираме модерна Хрватска, поточно задарска кујна, во сабота со почеток од 19:00 часот под наслов “Taste of Zadar“, каде готвачите од ресторанот 4 Кантуна од Задар ќе се претстават со нивните автентични рецепти. Истиот ден држам мастер час за професионални готвачи, презентираме можности за вработување во ХОРЕКА секторот во Хрватска во реномирани туристички капацитети, и ја промовираме мојата книга „Кухарица – тајните на далматинската храна“. Тежнееме од повеќе аспекти да ја доближиме хрватската култура и Хрватска како идна летна дестинација на сите Македонци и оние кои сакаат да заработат и оние кои сакаат да уживаат.
Повеќе детали за Ренато Краљев на: http://www.ministryofpleasure.net/gastronomy/Cooking_class.html
http://www.ministryofpleasure.net/gastronomy/Taste_of_Zadar.html
Нема коментари