Ако на „Златен глобус“ главната модна тема беше црната боја, на црвениот килим на доделувањето на филмските и телевизиските награди на Здружението на актери имаше слободна тема. Шаренило од стилови, бои и силуети прошетаа на вчерашното доделување во Лос Анџелес. Ѕвездите се појавија во бои од белата преку циклама розова и смарагдно зелена до црната, минимаистички стилови, раскошни балски фустани и модернистички комбинезони, светкави ткаенини и цветен дезен, смели комбинации и генерички изгледи. Накратко, никој не се издвои со посебен стил и стајлинг, а преовладуваа веќе видени комбинации и фустани.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари