Вкусен овошен коктел може да се сладите секогаш кога ќе организирате филмски маратон со пријателите во вашето домашно кино. Овој пијалок во себе содржи состојки кои се вистинска енергетска бомба, што ќе ве држи будни и сконцентрирани додека ги гледате омилените филмови. И што е најдобро, може да се подготви во вашата кујна.
Состојки:
· 2 јаболка
· 1 портокал
· 10 половинки орев
· Малку цимет
· Мед по желба
Подготовка:
Излупете ги јаболката и портокалот и ставете ги во блендер заедно со оревите. Добро измиксајте, на крај додадете цимет и мед, измешајте и пијалокот турете го во убав проѕирен бокал. За дополнително освежување ставете неколку ливчиња свежо нане и коцки мраз по желба.
Нема коментари