Кога брендот Realisation Par го претстави здолниште Наоми со леопaрдов принт, во модата врати еден тренд популарен во 90-тите – свиленкасто слип-здолниште кое нежно го допира телото и може да се комбинира со новите стилови. Прво камбек направи слип-фустанот со тенки прерамки, но летото 2018 беше во знакот на слип-здолништето. Познатите трендесетерки го обожаваат ова парче облека и тие го носат во нова интерпретација, сосема различна од начинот на кој Гвинет Палтроу, Кејт Мос и Винона Рајдер го популаризираа и носеа во 90-тите.
Слип-здолништето сега се комбинира со маичка со принт, со романтична блуза која ги отркива рамењата, со патики или рамни влечки. Леопардовото здолниште на Realisation Par доби нови верзии со цветови и со срциња како мотив, а се предвидува дека слип-здолништата ќе бидат тренд и во претстојната есенска сезона.
Нема коментари