Артистички, но сепак прикладни за работа во канцеларија, овие следни комбинации се како измислени за жени кои работат како архитектки, маркетинг менаџерки, графички дизајнерки, девојки кои се во музичката индустрија, раководителни на ресторани… Основни елементи на секој деловен изглед се модни парчиња од луксузни материјали и квалитетни модени додатоци, останатото е резултат на секојдневната грижа за изгледот и изградениот личен стил.
Првиот изглед е спој на тесно здолниште, кожено или од полесна ткаенина, со класичен блејзер и необични чевли и чанта.
Микс на класични и трендовски парчиња кои може да се носат во канцеларија, но во истата комбинација може да продолжите на некој вечерен настан поврзан со професијата.
За поинтересен изгкед, на базичните деловни модели додатете боја или впечатлива шара.
Нема коментари