Колумбиецот Едгардо Осорио од брендот Aquazzura го одушеви модниот свет со своите дизајни на чевли кои се дел од стилот на Оливија Палермо, Еугенија Ниархос и Вероника Хајлбрунер, а со една од своите пријателки и трендсетерки, Попи Делевињ, соработуваше на нова колекција. Попи според Осорио е моден номад, често патува и има потреба од различни чевли за различни пригоди. Патувањата и едни обетки што Попи ги купила во Сен Тропе се почетната инспирација за новата капсулна колекција на Aquazzura направена во соработка со Делевињ. Колекцијата нуди 13 стилови од ниски сандали и чевли со шпиц и врвки, преку вечерни сандали со високи потпетици до чизми кои доаѓаат во неколку варијанти – високи и до глужд, во црна и во кафена боја. Во дизајните преовладуваат детали инспирирани од 70-тите години како врвки со украси, платформа, тиркизни камчиња, мотиви на ѕвезди и месечина.
Нема коментари