Лесни за комбинирање, во лежерни, спортски, понекогаш во порокерски споеви и дури во поелегантни варијанти, култните „старки“ на Converse никако да излезат од мода. Платнените патики, познати и како All Star или Chuck Taylor, постојат од 1917 година, и еве еден век не ја губат привлечност. Може да ги носите на прошетка, на музички фестивал, на денско излегување, ако ја прашате германската уредничка Вероника Хајлбрунер дури и на модна недела, а покрај класичните модели кои ги има скоро во сите бои, компанијата Converse претставува нови колекции на кожени, пастелни, кадифени и „старки“ целосно обоени во една боја. Избравме примери како овие патики се комплеметарни со секаков стил, од класичен, преку минималистички, панк, спортски, боемски до еклектичен.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки
Нема коментари