Славниот дизајнер и едната половина од дизајнерскиот тандем Долче и Габана, Стефано Габана, е главниот мрчатор во модниот свет. Последна на тапет беше најпознатата модна блогерка Кјара Ферањи која викендов правеше свадба на која облече три фустани на „Диор“, сите креирани специјално за неа од страна на Марија Грација Кјури. Главната и традиционалната венчаница што Кјара ја носеше во црква беше моделот со долги ракави, висок околувратник и долен дел од тул, а венчавката привлече големо внимание на јавноста. Свадбата на Кјара и италијанскиот рапер Федез ја забележа и Стефано и тој има свој став – венчаницата ја нарече евтина!
Тој под објавата на Harper’s Bazaar на Инстаграм напиша – ЕВТИНО, алудирајќи на, според него, евтиниот изглед на венчаницата. Убаво е да се има став и тој да се искаже, но со аргументи, со издржана критика и избрани зборови. Може некоја креација да не ви се допадне, нели? И не е страшно тоа да го потенцирате. Но, во овој случај се насетува исмејување и веројатно доза на љубомора.
Ова не е првпат Стефано да биде критикуван од јавноста поради своите несмасни коментари, a најмногу претера кога пејачката Селена Гомез ја нарече грда!
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари