• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ЦАЦИ ПАКОВСКА: Живописните модели од есенската колекција на „Стилисимо“ ќе го разбијат сивилото

Од Ана Несторовска · На октомври 16, 2014

Stilisimo (6)

Инспирирана од уличната мода и од стилот кој се носел на почетокот на 60-тите години, познатата стилистка, модна новинарка и дизајнерка Цаци Паковска ја создала новата колекција на брендот „Стилисимо“. Новите парчиња од линијата есен-зима 2014 деновиве веќе пристигнаа во продажниот салон во ГТЦ, Скопје.
-При процесот на создавање на нова колекција секогаш размислувам како креатор и стилист, многу ми е важно моделите да се комбинираат меѓу себе, но и да можат одделно да се носат во комбинација, која ќе го отсликува личниот стил на нашата клиентка. Поаѓајќи од таа мисла, најголемата инспирација ја црпев од уличната мода, како и модата од почетокот на 60-тите години. Па така во нашата нова колекција има женствени палта со принтови, тесни здолништа со висок струк, но и многу полни глок здолништа во земјени бои, со должина која ги покрива колената. Оваа тенденција се провлекува во зимските колекција на многу модни креатори, а ние како бренд се обидуваме да бидеме во тек со светската мода, а воедно да го задржиме нашиот препознатлив стил кој го негуваме уште од основањето на нашиот бренд-вели Паковска.

Stilisimo (9)

Модел: Маја Сашек, фото: Драган Паковски, Шминка и стајлинг: Цаци Паковска

Колекцијата е наречена „Гардениа”, поради принтовите на цветови кои се испечатени на најголемиот број на модели.
- Идејата беше да понудиме колекција со интересни, живописни модели кои ќе го разбијат сивилото и темните бои кои често пати се нудат во есенските колекции на многу брендови. Поради тоа се одлучивме и за принтови со цветови, кои делуваат како да се насликани во акварел техника, во бои кои се вклопуваат со боите на ткаенините од новата колекција. Што се однесува до боите пак, во нашата колекција употребивме широка палета на тонови, од оние класичните, црна, бела па сè до жолта, тутун кафена и розова. Самите принтови беа специјално дизајнирани за нашиот бренд, а благодарение на природните ткаенини кои ги употребуваме во сите наши колекции, овие модели можат да се носат преку цела година-објаснува таа.

Stilisimo (3)
Деновиве беше изработена и фотосесија за колекцијата со манекенката Маја Сашек, која се појавува во промотивните сесии на „Стилисимо“ од самите почетоци на брендот.
- Маја Сашек е моја долгогодишна соработничка и пред сè пријателка. Кога таа се појави, на свои 16 години на модната сцена во Македонија, јас бев правата која ја нашминка и дотера. Уште од тогаш, Маја е една од моите омилени манекенки. Секогаш уживам во работата со неа и горда сум на сите проекти на кои заедно сме работеле. Идејата за повторна соработка со Маја Сашек излезе сосема спонтано. Неодамна на едно мое патување за Милано, добив мејл од Маја во кој таа ми пренесе дека сосема случајно налетала на еден видео-едиторијал кој заедно го работевме за мојата емисија „Стилисимо“. Имено едиторијалот беше снимен пред осум години, но личи многу модерен и современ, а таа ми пиша дека гледајќи го видеото посакала повторно нешто да снимиме. Јас и се јавив и и реков дека снимањето е веќе закажано! И така повторно истата екипа Маја Сашек како модел, мојот брат Драган Паковски ги направи фотографиите, јас се погрижив за стајлингот и за шминката.

Паковска смета дека оваа фотосесија ќе им биде интересна на жените и девојките.
-Сметам дека во денешно време, жените се релаксираат посетувајќи ги модни блогови или пак прелистувајќи ги „Инстаграм“ и „Фејсбук“ профилите на нивните омилени модни ликови. Обичните жени и уличната мода се повеќе се инспирација за многу светски модни креатори. Јас лично сметам, дека и кај нас, „обичните“ жени се далеку помодерни и имаат покреативен стил од јавните личности. Затоа нашата најнова фотосесија ја посветивме на уличната мода. На некој начин се обидовме да ја доловиме уметноста на комбинирање ефтини Стилисимо парчиња облека со скапи модни додатоци од светски познатите модни куќи. Комбинациите се модерни, интересни и безвременски, и секако ја отсликуваат жената за која се наменети Стилисимо облеките, онаа самоуверената шармерка која секогаш знае што сака. Се надевам дека со овие фотографии ќе го постигнеме крајниот ефект, а тоа е да успееме да ги инспирираме жените да бидат креативни во комбинирањето на својата облека-додава таа.

Stilisimo (12)
Во планерот на Паковска постојано има ангажмани. Покрај работата на модниот бренд „Стилисимо“, таа е посветена на бутикот „Зап Милано“, има ангажмани како стилистка и како моден новинар.
-Неодамна се вратив од Италија каде ги наполнив моите “модни” батерии , па сега сум подготвена тука и да ги потрошам. Во моментов сум преокупирана со најновите колекции на „Стилисимо“ и „Зап Милано“ и секако размислувам и за новата, шеста сезона на мојата модна емисија „Стилисимо“. Во наредниот период ќе се одржат и неколку концерти на Каролина, за кои подготвуваме едно нова модна приказна која доликува на ѕвезда како што е Каролина.

Stilisimo (1)
Како моден новинар и стилист будно ги следи случувањата и тренодвите во модата. На прашањето кои се клучните парчиња, бои и модели што би ги препорачала за оваа сезона Паковска вели:
-Модата е повторување на идеи, па така оваа сезона во мода се неколку трендови од минатото. Највпечатливиот тренд најверојатно е навраќањето на модата од 60-тите. Па така, доколку вашите мајки или баби ви ги сочувале своите фустани со А- линија, полните глок здолништа или чевлите и чизми со коцкаст врв и потпетица, сега е вистинското време повторно да ги оживеете. Оваа сезона и принтовите го достигнаа својот максимум, па така многу модни креатори нудат модели со најразлини принтови, дури модерно е принт од глава до петици. Спортските типови на жени можат да уживаат во една тенденција која од сезона во сезона ги преплавува модните писти на најпознатите светски модни куќи, а тоа е луксузната спортска облека, блузони, патики, фармерки изработени во една нова луксузна интерпретација. А што се однесува до боите, во последните неколку сезони, нема боја која не е модерна. Најважното од се е да умеете истовремено добро да вклопите неколку бои, а доколку не уживате во шаренилото, секогаш можете да се навратите на класичната црно-бела комбинација.

Stilisimo (2)

Stilisimo (5)
Stilisimo (7)
Stilisimo (4)
Stilisimo (8)

60-титеГардениаДраган Паковскиесен-зима 2014Зап МиланоМаја Сашекмакедонски дизајнериСкопјеСтилисимоулична модаЦаци Паковскацветен принт
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • 20 evee интервју

    Синергија на контрасти за редефинирање на женственоста во новата колекција на Evee by Ivana Cvetkovska

  • 1 интервју

    Една година од првата едукативна боенка за Мaкедонија – Colored Memories

  • mapsy (1) интервју

    Манекенката Јована Нешова го основа MAPSY – бренд на персонализирани постери кои раскажуваат за љубовта, авантурите и омилените личности

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ??????????

    Берни Сандерс го претвори своето меме во дуксер за да собере пари за добротворни цели

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 3

    Црната боја е кралица на зимската мода – како да ја носите и да не изгледате монотоно

    јануари 22, 2021
  • WebinarD4C_Macedonia (1)

    Вебинар за циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

    јануари 22, 2021
  • 1

    Шик комбинации во чоколадни нијанси

    јануари 21, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics