#СедиДома и #СмислувајСтајлинзи
Уличната мода предвиде дека сезонава ќе носиме костими на поинаков начин – наместо сакоа со долги панталони или здолништа, новата тенденција е спојување со бермуди или шорцеви. Оваа стилска идеја се однесува на комплети кои се од сакоа и бермуди (или шорцеви) направен од ист материјал. Кратките комплети се идеални за пролетн—летниот период, и ќе ги носиме во првите денови после периодот на излолација.
Костимите се во различни бои, а преовладуваат сивите, бежовите и пастелните комплети. Среќаваме и костими во интензивни бои или со принт. Сакоата се претежно со предимензиониран крој, а комплетите се комбинираат со сандали со високи потпетици, мини чанти, ремени врз сакоата, дури и со патики.
Нема коментари