Моднаиот спој на сако со фармерки е една од основните комбинации ако се земе предвид дека скоро секој од нас во својата гардероба поседува барем еден пар фармерки и барем едно сако. Овој избор е одличен и за оваа доцна есен пред да почнеме да ги носиме потоплите јакни и капути, и е прикладен во разни формални или лежерни пригоди. Неколку сезони тренд се волуменозните сакоа, но секогаш се носат и оние со класичен крој. Исто е и со фармерките, во последно време тренд се оние со широки ногавици, но добра идеја се и моделите со висок струк, со должина до глужд или со покласичен изглед. Дополнително спојот на сако и фармерки се комбинира со кошули, блузи, ролки, потоа со патики, мокасини, поелегантни чевли или чизми.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Нема коментари