Кога сакате да се одморите од зимските темни тонови и да ги одбегнете шарените комбинации, одберете светли нијанси почнувајќи од беж, nude и боја на песок до карамела-кафена и окер. Софистицираните и минималистички комбинации во светли неутрални бои се спротивност на оние екстравагантните со многи бои и шари, и нудат одредена смиленост и релаксираност. Постои некоја посебна магија кога се облекуваме во неутрални тонови, и иако земјените и бежовите бои повеќе асоцираат на пролетен и летен стил, ги среќаваме и во зимските стајлинзи. Овие нијанси одлично се комбинираат со бела боја и златен накит.
Нема коментари