Секоја компанија има свои правила на деловен дрескод, ама некои принципи се универзални – никако длабоко деколте, задолжително избегнувајте тенки прерамки, мини здолништата не се за канцелариска работа, а жените на високи позиции не треба да носат проѕирни ткаенини и кроеви кои го отцртуваат телото.

Блузите без ракави треба сепак да бидат до рабовите на рамената, потенките прерамки се невкусни за канцеларија

Ако сепак е дозволено да носите фармерки, тогаш комбинирајте ги со покласични и поелегантни парчиња, како сако или оксфорд-чевли

Иако ве охрабруваме да мешате бои и шари, кога се работи за деловно облекување, сепак бирајте поситни принтови, како на пример тенки линии и деликатен цветен дезен во сличен тоналитет

Ако вашата блуза е проѕирна тогаш комбинирајте ја со блејзер, а за секој случај под неа облечете маица со тенки прерамки

Најбезбедна должина на здолниште е онаа од неколку сантиметри под колената. Избегнувајте да носите должина над колена

Ако сакате да облечете некое смело парче облека, како на пример панталони со принт, балансирајате со елегантни модели, како што е оваа бела кошула
Нема коментари