Популарниот бренд „Страдвариус“ има фина понуда на обувки од јута и рафија кои се супер избор за цело лето. Сандалите, влечките и еспадрилите од овие дрвенести и кончести материјали се типични летни модни детали. Практични, лесни за носење и со доза на бохо стил, обувките од рафија и јута одлично се вклопуваат во летната гардероба. Во понудата на брендот забележавме еспадрили со линии, сандали со средни потпетици обложени со јута, влечки во биркенсток-стил со ѓон од рафија, сандали со платформа украсени со камчиња и школки и елегантни ниски влечки од плетени конци од рафија.
Нема коментари