Ревиите и претставуањата на машките колекции во рамките на Pitti Uomo во Фиренца се првото поголемо модно случување во годината, ова модно патување го почнуваме со улична мода и комбинации фотографирани за време на одржувањето на настанот. Некои ревии поради омикрон-бранот беа откажани, но сепак верните фанови на Pitti Uomo се појавија во Фиренца и прошетаа на улиците на градот облечени во експресивни стајлинзи – италијанска елеганција помешана со смели елементи, широки панталони, разни палта, јакни и пелерини, облека во кафени и земјени тонови, топли џемпери и кошули со вратоврска, патики, чизми и класични чевли, капчиња и заштитни маски.
Нема коментари