Париската модна недела сезонава беше претежно во дигитална форма, но сепак можевте да очекувате да погледнете добро облечени модели, уредници и локални жители како шетаат низ улиците на градот за време на настанот. Стритстајл фотографката Асиел од познатиот сајт за улична мода Style du Monde, ги фотографира и документира најдобрите улични стилови за изданијата на Vogue. Бидејќи на овосезонската модна недела во Париз немаше класични ревии и публика, очекувано Асиел најмногу фотографира манекенки и манекени, кои пред и после модните претставувања и снимања беа во удобни комбинации, мантили, топло плетиво, необични капути, монтки, војнички чизми и патики.
Нема коментари