Трудничката мода не подразбира безлична широка облека и отсуство на стил. Да, може да биде тешко постојано да се смислуваат модни комбинации, бидејќи кога очекувате бебе стомакот постојано се менува и поради тоа секогаш треба да имате брзо решение. Летните фустани се најудобното модно парче за во лето, а за идеи нека ве инспирираат блогерките кои постираат разни стилски комбинации за плажа, за прошетка, за свечен настан или за вечерно излегување. Преовладуваат долги лелеави фустани, модели на преклоп и кроеви сечени под градите, но и тесни трикотажни фустани кои го истакнуваат стомакот. Бременоста е единствениот период кога жените не се плашат да ги покажат стомакот, нели?
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари