
Сани Јаначковска Богдановска во првиот ред на ревијата на Cristiano Burani
Кој тоа вели дека да се биде моден новинар е лесно и едноставно. И сите оние на кои следењето на модните недели им се чини пренапорно, веројатно го немаат искуството од фуриозноста и напорот во следењето на една модна недела од типот на Milano Fashion Week на чии писти овие денови се презентациите на дизајнерските понуди за сезоната есен-зима 2014-15. Во текот на пет дена новинарите, купувачите и блогерите треба да проследат седумдесетина дизајнерски ревии, што во суштина значи целодневна активност со почеток во девет часот наутро, па сè до девет часот вечерта, со меѓупростор од еден час меѓу нив и два часа пауза за ручек, карактеристична за цела Италија. Она пак што е најкарактеристично за Италија овие денови е секако Милано, модата и Модната недела во Милано.

Фото: The citizens of fashion
Па, иако времето е помалку тмурно и облачно атмосферата во Милано е обоена розово. Поточно фусија, како се нарекува точно бојата на килимот патека од неколку стотина метри, која од неколку страни од центарот на Милано, оној ултра-моден дел кај катедралата Дуомо, води до центарот на Милано Мода Дона-организаторот на МФВ. Пред самиот влез на центарот и на неколку други локации се поставени големи видео бимови, на кои континуирано директно се презнесунваат ревиите кои се во тек. Така центарот кој и онака е синоним за мода не само за Миланоп туку и за цела Италија буквално дише во духот на модата. Атмосферата уште повеќе се подгрева секако со присуството на сите модни фаци, модните инсајдери, односно проследувачите на настанот. А нив ќе ги препознаете од далеку…

Фото: Vogue, Saskia Lawaks
Одблиску, пак, собрани на едно место пред влезовите на настаните тоа е посебна глетка и секако посебна атмосфера особено сега од кога влогерите донесоа посебна приказна за себеприкажувањето.Приказна која сега е дотерана до таму да можете токму нив да ги препознаете како категорија за себе. Пофално или симптоматично веројатно времето ке покаже тоа. И тука на влезовите на настаните за оние со доволно срека и умешност да добијат акредитација или влезница чуството е од посебна важност. Се разбира прзисуството на големите имиња е повеќе поради сознанието дека доживувањето е во живо и дека сте директен учесник одколку дека навистина нешто повеке ке можете да видите од поинаку. Кај не толку “извиканите” и чуството и можноста да видите нешто посвежо и изненадувачки е поверојатно. Како и да е, убаво е и самото чувствоо што за прв пат медим од Македонија фигурира меѓу овие редови и на самото пристигнување го слушате она “Македонката е тука”!

Од ревојата на Cristiano Burani
Специјално од Милано,
Снежана Јаначковска Богдановска
Во продолжение е избор на фотографии што ги снимија дел од познатите фоторепортери и блогери на улиците на Милано.

Фото: The citizens of fashion

Фото: The citizens of fashion

Фото: The citizens of fashion

Фото: The citizens of fashion
Нема коментари