Торти украсени во манирот на акварелни слики се совршен додаток на свадба или некоја друга свеченост. Многу често тортите се сметаат за крункиот украс на една свадба, а после неколку трендови во овој дел како стаклени со ефект на огледало, „голи“ торти или со мотив на галаксија, сега актуелни се акварелните торти.
Насликани како акварели, некои торти асоцираат на делата на француските импресионисти, додека има и такви со романтичен цветен дезен, нешно нанесување на бои, со употреба на златни ленти, а впечаток оставаат и оние со омбре ефект.
Нема коментари