Уличната мода стана значен извор на инспирација за промени и креативност во секојдневниот личен изглед, нуди решенија за свечените настани, па дури и за бизнис-стајлинзите. Девојките и момчињата што ги сакаат предизвиците и трансформациите во модата често наоѓаат по некоја корисна идеја од популатните блогери и модни уредници. Изминатава година објавивме стотици текстови со разни трендови инспирирани токму од улината мода. На ден пред најлудата ноќ, ви нудиме поредлози за вашиот изглед за Нова година, црпени од улиците на големите модни центри. Станува збор за креации со светкава основа, кои ќе го разиграат вашиот празничен изглед наредниве неколку дена. Во понудата се фустани, здолништа, панталони и блузи со светкава мониста, како и матријали со златест и сребреникав сјај. Голем дел од нив се комбинирани со навидум едносатви парчиња.
Нема коментари