Светкавата шминка е епитом за свечен и новогодишен изглед, а сјајните пулејките повеќе не се елемент наменет само за облеката. Сега може да се сретнат како дел од шминката, ги има како крупни пулејки, мали светкави честички или нагласен хајлајтер. Изгледот со пулејки на лицето го сретнавме на неколку модни ревии, во вид на црвени светки на очниот капак кај Jour / né, сребрени очи кај Ралф и Русо и кај Франческо Скоњамиљо, пулејки под очите кај Џереми Скот, златен ајлајнер кај Валентино и други храбри интерпретации.
Кај бјути блогерите веќе некое време актуелни се светкави трендови во вид на пеги со златни или сребрени точки, нагласување на внатрешниот агол на окото и делот под и околу веѓите со богато пигментирани светкави сенки и богато прскање на светкави пулејќи под окото. Ова се смели предлози за оние кои сакаат да влезат во светот на фантазијата и да бидат впечатливи на секоја забава.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари