Свиленкастите фустани ја одразуваат женствената страна, ја придружуваат женската гардероба во пролетните денови, разновидни се и зависно од должината, кројот, шарата и декоративните елементи, може да се носи во дневни или вечерни пригоди, за лежерни или формални настани. Најчесто ги среќаваме ‘slip-dress’ фустаните, односно моделот на фустан со едноставен рамен крој и тенки бретели, еднобојни и се навраќаат на модата од 90-тите години. Но, ако не сакате премногу отворени модели на фустан, може да одберете свиленкаст фустан на преклоп, модел со балон-ракави и впечатлива шара, модел со кимоно ракави. Тренд сезонава се моделите со изрези и со гол грб. Овој стил на фустани е добар избор ако сакате да постигнете елеганција на некој вечерен настан, тогаш носете ги со високи потпетици или свечени рамни сандали. Може да се носат и дење во пролетните месеци и тогаш комбинирајте ги со еспадрили, патики и сандали. Предлагаме свилените фустан да ги избегнувате во екстра топлите денови, бидејќи свилата има тенденција да се лепи на кожата, што не е баш пријатно.
Нема коментари