• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
интервју 0

ТАЊА КОКЕВ: Македонските невести ги следат трендовите

Од Ана Несторовска · На декември 4, 2013

Фото: Дарко Мораитов

Само неколку недели по промоцијата на својата прва премиум-колекција, креаторката Тања Кокев, се враќа на истото место – хотел „Александар палас“ , со нова ревија. На 23 декември во 19 часот ќе претстави линија на венчаници за 2014 година. Иако досега на своите ревии ги промовира истовремено колекциите со свечени креации и со венчаниците, оваа сезона одлучи двата сегмента од својата работа да ги оддели.
- Едноставно, мораа да се поделат  двете линии, бидејќи не беше возможно да се работат заедно и да се сместат во една колекција… Нема компромис и импровизации. Венчаниците се многу важен дел од работата на моето ателје и морав да им посветам исто толку внимание и простор како и на мојата претходна колекција. Двете линии се различни. За премиум-моделите, со ткаенини од Валентино и од Унгаро, инспирацијата ја црпев од импресионизмот и од колоритот што тој правец го наметнува. Па така, бојата беше пресудна овие две колекции да се разделат една од друга и да функционираат одвоено. Кога се работи само со белата боја и нејзините градации, едноставно сè е поразлично. Во новата линија акцент е ставен на разработката на кроевите во горните делови, бидејќи кај венчаниците нема многу простор за импровизација во здолништата. Тие се строго одредени веќе со години и се доработува само нивната крајна естетика, а основата е иста-вели Кокев.

>>Иако венчаниците обично не се врзуваат со сезони и со трендови, сепак добрите познавачи знаат дека има одредени тенденции. Кои се спецификите на оваа колекција?
- На секоја колекција на невестински фустани главната цел е да биде комерцијална, па затоа не може премногу да се експериментира. Тука важи правилото дека класиката е вечна. Меѓутоа, има трендови, кои ќе се забележат и во мојата колекција: помалку корсетирани модели, сè повеќе затворени деколтеа, кои може да се забележат и во премиум-линијата, минимализам и чисти форми, сè понежни тантели, кои се повеќе транспарентни од обично. Најнов тренд се тешките здолништа од тежок сатен и свилени органзи.

>> Во премиум – колекцијата користеше луксузни материјали, потпишани до Валентино и од Унгаро. Дали високиот квалитет беше приоритет и во оваа колекција?
-Секако, тоа ми е приоритет. Можеби ќе звучам нескромно, но сакам венчаницата потпишана од „Кокев“ да се разликува од секоја друга произведена во Македонија, како по квалитетот на изработка, така и по квалитетот на матријалот. Овој пат користев свила и органза, произведени во Франција. Секако останувам верна на моите производители во Турција, но новина ќе биде тантелата од француските производители, и за нив ќе има посебна категорија, исто така премиум – линија невестински фустани во рамки на колекцијата „венчаници 2014“. Тоа значи дека оваа колекција ќе има една стандард- линија, по цени прифатливи за македонскиот буџет и една премиум, за оние што можат да си дозволат малку луксуз.

>> Според многумина ревиите за венчаници се еднолични и здодевни, пред сè поради класичните бели модел. Но, твоите колекции не се секогаш во класична форма, ги збогатуваш со додатоци инспирирани од секојдневната облека или актулените трендови… По што  се разликува оваа колекцијата од останатите?
-Има една новина, на која сум многу горда. Бевме малку похрабри и решивме со тимот кој работи на рачниот вез да пробаме нешто ново, а тоа е самата тантела дополнително да ја дообработиме со наши рачно изработени цветови и елементи. Тие ќе дадат една нова димензија на тантелата како текстура и како дизајн. Што се однесува до боите, назастапена ќе биде млечно – белата, а ќе имаме и нежно розови модели и еден мал процент нијанса на сетло капучино.

>>По појавувањето на Кејт Мидлтон во ретро-класична венчаница се случи пресврт во побарувачката на вечаници…Невестите повторно почнаа да ѝ се враќаат на вечната класика. Се променија ли трендовите кај нас и какви се барањата на македонските невести?
- Како што реков, ниедна невеста не сака премногу екперименти, и тоа е сосема во ред. Самата венчавка е свечен момент и многу традиционален настан, така што некако тоа е и очекувано. Но, сепак, и нашите невестите  ги следат трендовите и ете, сè помалку се бара корсетот како форма, а сè повеќе затвореното деколте и секако, ракавите од тантела како тренд после Кејт Мидлтон.

>>Ревијата ќе биде од отворен карактер, но влезот ќе биде задолжително со карти со симболична цена. Ова е еден од првите обиди да се направи ревија од отворен карактер со влезници. Зошто се одлучи на ваков чекор?
-Ова е ревија од комерцијален карактер и е посветена на сите потенцијални невести. Токму затоа тие треба да бидат во центарот на вниманието и да уживаат во тој половина час. Сакав шоуто да го посетат потенцијалните клиенти, и да бидат токму тие во најголем број. Не сакав да се поделат картите не некои кои немаат никаков интерес да проследат ваков тип на ревија и со тоа да се заземе местото на некоја потенцијална невеста. Секако, заштитните лица на „Кокев“ ќе бидат присутни на ревијата, и сите заедно да ги пречекаме невестите за 2014.

Модел: Нина Воркапиќ-Мириќ
Фото: Дарко Мораитов
Шминка и фризура: Зоран Шурбевски


kokev1

венчанициКокевмакедонски дизајнеринова колекција
Сподели Tweet

Ана Несторовска

Можеби ќе Ве интересира

  • kali rose (5) интервју

    Постапокалиптичен и футуристички стил во колекцијата Radioactive на Kali Rose

  • 1 olgica интервју

    Дизајнерката Олгица Ѓоргиева со успешна костимографија за австриската балетска претстава Wolfgang Amadè

  • 1A интервју

    Паоло Теренци за страста на магично компонирање луксузни парфеми

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 7

    Стилска смелост во сина боја во колекцијата Bleue на Zanov

Модна азбука

  • КАФТАН-долга горна облека без крој

    април 28, 2016

Видео

  • Willow 2

    „Врбина зора“ нова музичка тема на Џајковски за филмот „Врба“ на Манчевски

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • ?????

    Во четврток ревија на Mariguccha во МКЦ на тема кубизмот како деконструктивна форма во модата

    декември 10, 2019
  • dolce gabbana

    Луксузни креации на Долче и Габана инспирирани од познати опери

    декември 9, 2019
  • WDW_map

    Отворање на првото издание на фестивалот „Недела на излозите“

    декември 9, 2019
  • 3 hm

    Гламур во новата H&M Holiday колекција

    декември 9, 2019
  • kreativa Dino

    Пијанистот Дино Имери најавува „Зимска бајка“ во пресрет на празниците

    декември 6, 2019

Убавина

  • 2

    Нина Добрев ново заштитно лице на Dior Beauty

    декември 2, 2019
  • Objava jpg (1)

    Black Friday започна – Најдобрите попусти во Anabella парфимерии

    ноември 29, 2019
  • ????????????????????????????????????????????????

    Black Friday попустите пристигнуваат во MAC Cosmetics!

    ноември 28, 2019
  • 1. Objava

    Подготвени за Black Friday? Одбројувањето почнува сега!

    ноември 26, 2019
  • hbz-beauty-vanity-jeanne-damas-04

    Пет тајни за убавина на Французинките

    ноември 25, 2019

Живот

  • IMG_0676

    Селен и цинк најдобри сојузници за подобрување на имунитетот

    декември 4, 2019
  • FOTO 1 (1)

    Пивара Скопје освои највисоки награди од Министерството за економија за проектите за едукација на младите и за етичко управување

    декември 3, 2019
  • 2

    Во тек е Skopje Design Week, еве што е на програмата викендов

    ноември 29, 2019
  • FotoJet - 2019-11-29T140719.721

    РЕНАТО КРАЉЕВ: “НАШЕ МОРЕ” – МАЛИТЕ НЕШТА ЗА ГОЛЕМИ ДОСТИГНУВАЊА

    ноември 29, 2019
  • WineDinner

    Нова, уникатна епизода на Winemaker Dinner Series во Дистрикт бар и ресторан со Винарија Камник

    ноември 28, 2019

Култура

  • kreativa Dino

    Пијанистот Дино Имери најавува „Зимска бајка“ во пресрет на празниците

    декември 6, 2019
  • Willow (1)

    „Холивуд репортер” со извонредна рецензија за „Врба“

    декември 6, 2019
  • 1 (3)

    Техно кралицата Deborah De Luca во Скопје

    декември 6, 2019
  • honeyland (1)

    „Медена земја“ со две нови признанија од Њујорк

    декември 5, 2019
  • James-Bond-No-Time-to-Die-film

    Објавен трејлерот за новиот Џејмс Бонд филм

    декември 5, 2019

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит насловна страница рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics