Ако сакате авокадо, ова е вистински ресторан за вас – The Avocado Show од следниов февруари во Амстердам ќе нуди поинакво гастрономско шоу со јадења на база на авокадо во главната улога. Новината е што сите оброци се со ова чудотворно овошје, кое ем е исклучително здраво, ем многу вкусно. Идејата за овој ресторан е на Џилијан Зал, Роб Симпсон и на куварот Џејми ван Хеј, кои сметаат дека можностите за јадења со авокадо се бескрајни, па во нивниот ресторан ќе може да пробате печени медаљони од авокадо во сос, чипс од авокадо, тортички со авокадо или на пример бургер со лепче на база на авокадо. „Нашето единствено правило е дека секој оброк мора на некаков начин да содржи“, велат тие.
Се очекува нскоро да се открие точниот датум на отворање и содржината на комплетното мени, а позната е адресата: Daniel Stalpertstraat 61, во живописниот и трендовски дел од градот, De Pijp. Ова ќе биде првиот ресторан во Европа посветен на авокадото.
Нема коментари