Тенденцијата на бронзена шминка и изглед како исончана од сонцето, дизајнерот Том Форд ја промовираше уште лани, сега во новата Tom Ford Soleil колекција вметна и нови производи со нови нијанси со светкав ефект. Доминираат бронзени и тонови на праска, се препорачува злато на очите и беж обоени усни, кремасто руменило и бронзен тен. Во колекцијата има и комплети за контурирање, илуминатори и бронзери, шимер-сенки, но и кармини во потемни бои.
Нема коментари