Разгалете се во овие зимски денови со топол пијалак во кој доминира чоколадото. Денес ви предлагаме мексиканско топло чоколадо во кое споредна улога има чили пиперката, задолжиретелен дел од мексиканската кујна. Всушност, регуларнато топло чоколадо е дополнително зачинета со лутината на чилито. За подготовка потребни ви се 4 лажици незасладено какао во прав, неколку коцки темно чоколадо, ½ лажичка цимет, 1 прстофат чили во прав и 1 шолја млеко. По желба може да ставите и малку рум, арома на ванила или дополнително засладување.
Измешајте ги какаото, циметот и чилито во прав, додадете го чоколадото и млекото и подготвувајте го пијалакот на тивок оган. Мешајте додека не се стопи чоколадото, потоа оставете го уште пет минути на оган, но внимавајте да не загори. Топлиот пијалак може го послужите со шлаг.
Нема коментари