Креаторот Кристијан Лубутан ја претстави торбата Mexicaba во чија реализација работеше заедно со жените од мексиканскиот полуостров Јукатан, како дел од неговиот хуманитарен проект за вклучување на локални занаетчии во својот бренд. Минатата година ја претстави торбата Africaba во соработка со жени од Сенегал, овојпат се здружи со Taller Maya, локален бренд кој за цел има да ja зачува традицијата на Јукатан и старите техники на ткаење кои се пренесуваат од генерација на генерација. Изработувачките на ракотворби и Лубутан заедно работеа на торбата на кои се извезени логото на брендот, Маја девојки во народни носии и други индијански мотиви. Целиот приход од продажбата на Mexicaba ќе оди кај мексиканските занаетчии и за развој на брендот Taller Maya.
Нема коментари