• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
досие 0

Трагичните судбини на модните творци

Од stylist @StylistMKD · На март 24, 2014

1056988

Веста за самоубиство на дизајнерката Лорeн Скот е последна во низата на апсурдните трагични краеви на личностите во модата. Убиство, самоубиство и прерана смрт – и тоа е составен дел од модата. Прочитајте повеќе за шокантната смрт  на некои од звучните имиња од модата.

1 . Џани Версаче

Италијански моден дизајнер Џани Версаче беше застрелан од серискиот убиец Ендрју Кунанан во 1997 година. Убиството се случи пред домот на 50 -годишниот Версаче, палатата наречена Casa Casuarina во Саут Бич , Флорида. Версаче помина скоро две децении во модниот свет и беше познат по неговите дизајни како секси фустани и парчиња со впечатлив принт. Негови клиенти (и пријатели) беа сите од Мадона до принцезата Дијана.  Модната етикета „Версаче“ продолжи да работи и по неговата смрт, а на нејзино чело е неговата сестра Донатела Версаче.

 

2.Александар Меквин

Смртта на  дизајнерот Меквин беше објавена во попладневните часови на 11 февруари 2010 година. Во утринските часови, неговата домаќинка го најде како виси во неговиот дом на Green Street во Лондон. Меквин почина неколку дена пред Лондонската модна недела, иако тој не беше на распоредот, и девет дена по смртта на неговата мајка, Џојс, која почина  од рак. Дејвид Лашапел, фотограф и пријател на дизајнерот, рече дека Меквин „земал многу лекови и беше многу несреќен” во времето кога се случи трагедијата.

3. Ози Кларк

Ози Кларк, 54 -годишниот британски моден дизајнер, беше избоден до смрт од страна на поранешниот љубовник во 1996 година. Кларк беше познат во 60-тите и 70-тите години , кога клиенти како Мик и Бјанка Џегер ги носеа неговите дизајни. Креациите на  Кларк опфаќаат широк спектар на изгледи, вклучувајќи и извонредни принтови , комбинезони и фустани од хартија.

4 . Џанпаоло Тарабини Кастелани

Џанпаоло Тарабини Кастелани, ко-основач на италијанската модна куќа „Блумарин“ (Blumarine) беше прегазен до смрт од  слон, додека бил на сафари во Африка во 2006 година. Тарабини имаше 67 години. Брендот „Блумарин“ наменет  за младите луксузни клиенти, Тарабини го основа во 1977 година заедно со  дизајнерката и сопруга Ана Молинари.

5 . Изабела Блоу

Изабела Блоу, 48 -годишната англиска уредничка  и стилка икона,  изврши самоубиство во 2007 година, по бројни претходни обиди. Блоу се стекна со статусот икона поради нејзината способност да ги забележи и негува  младите дизајнери како Александар Меквин и Филип Трејс, со кого таа имаше долгогодишна соработка со носење на неговите незаборавни шапки. Блоу страдаше од  рак на јајниците и биполарно растројство.

6. Хелмут Њутн

Модниот фотограф Хелмут Њутн имаше 83 години кога со својот автомобил удри во ѕид во паркиралиште близу хотелот „Шато Мармонт“ во Лос Анџелес. Беше тоа во 2004 година. Германскиот фотограф е  познат по неговата силно остра модна фотографија полна со прововакивност и сексапил.

7. Рудолф Мошамер

Шеесет и четири годишниот германски моден дизајнер Рудолф Мошамер беше пронајден мртов во неговиот дом во Минхен во 2005 година. Ирачанец подоцна го призна убиството на дизајнерот. Мошамер создаваше екстравагантна и луксузна машка облека за клиенти како Арнолд Шварценегер и магионичарското дуо Зигфрид и Рој.

8. Криста Вортингтон

Модната писателка Криста Вортингтон, 46, беше убиена во својата куќа во Кејп Код, Масачусетс во 2002 година од страна на собирач на ѓубре. Вортингтон пишуваше за познати модни публикации како Elle, WWD, Harper’s Bazaar и New York Times.

9. Руслана Коршунова

Дваесет и едно годишната манекенка Руслана Коршунова се самоуби со скок од нејзиниот стан на Менхетн во 2008 година. Коршунова се појави на насловните страници на францускиот Elle и рускиот Vogue и во реклами за големи дизајнери како Марк Џејкобс.

10 . Кристијан Диор

Францускиот моден дизајнер Кристијан Диор почина од срцев удар во Италија во 1957 година. Има неколку претпоставки за причината за смртта на 54 -годишникот: причината за неговиот срцев удар се припишува на гушење од рибина коска, игра со  карти и напорен секс. Диор ја револуционираше женската мода по Втората Светска војна со својот „Нов изглед” (New look), сo кој создаде сладострасна, заоблена силуета. Тогашниот асистент на Диор, Ив Сен Лоран, ја презеде дизајнерската задача по неговата смрт. Куќата на Диор продолжува и денес да работи успешно.

11 . Мадам Гре

Трагедијата за смртта на Мадам Гре (Жермен Емили Кребс) во 1993 година беше во тоа што нејзината ќерка ја криеше веста од јавноста една година, за инает на  модниот свет кој таа мислеше дека ја имаше разочарано. Мадам Гре, француската дизајнерка, се стекна со  популарност во 30-тите со нејзините кутур-фустани и имаше долга кариера со мајсторски дизајнираните деколтирани фустани и грчки наметки. Нејзин белег беше ангорскиот жерсе  турбан кој го носеше.

 

Џани ВерсачеАлександар МеквинМадам ГреОзабела Блоутрагична смртХелмут Њутон
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 3 досие

    Златни правила за шопинг според Французинките

  • 4 pariski stil досие

    Модни правила кои ќе ви го доближат парискиот шик стил

  • BL5LM5Z7JRFYDLYO2B3O5RCUDY досие

    Приказната за црната вдовица Патриција Гучи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • ivana manas (2)

    Нашата Ивана Манас ја отвори ревијата на брендот Токио Џејмс на Миланската модна недела

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

    април 1, 2026
  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026
  • 1

    „Глумците пеат“ на 24 и 25 март со македонска музика и нови актерски имиња

    февруари 18, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics