Лелеави макси, микро мини или трендовски миди фустани во комбинација со спортски патики прават спој кој изгледа сосема неодоливо ова лето. Додека некои сметаат дека патиките не можат да се носат со женствен фустан, во последниве сезони спортските обувки влегоа во луксузаната мода и со тоа непредвидливата стилска равенка од фустан и патики повеќе не е модна грешка.
Стилските ѕвезди и трендсетерките ги освои оваа комбинација која сега може да се забележи во уличната мода за време на модните недели. Цветен фустан и патики сега се носат и на работа, за вечерно излегување, некои се осмелуваат да ги носат и во поформални и посвечени ситуации. Потребно е да се најде вистинскиот баланс меѓу спортското и удбното со женственото и елегантното, а за пример еве една фотогалерија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари