Леопард, зебра, питон… шарите на овие животни го привлекоа модниот свет и се позиционираа скоро на секое парче од колекциите за оваа сезона, од впечатливите капути до чизмите и чантите. Животинскиот принт се носи од глава до петици преку комплети или во мала доза како моден детаљ, и е тренд кој не можете да не го забележите. Актуелни се леопардовите капути и високите чизми со шара на питон, но анимал принтот може да се носи и во форма на здолништа и панталони, костими и џемпери. Многу добро се комбинира со кожени јакни, црвена боја и кариран дезен. За некои можеби е премногу смел и рискантен тренд, но за дел од стилските ѕвезди е полн погодок.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари