Антилопот е веќе долго време омилен материјал на модните дизајнери, особено кога станува збор за чизмите и чантите, но не помалку и кога станува збор за парчињата облека. Во моментов се јавува како еден од најжешките трендови на сезонава кој со сигурност продолжува и во сезоната пролет-лето 2015 ако се суди според тукушто завршените модни недели.
Антилопот е тип на кожа со релјефен финиш кој е мек и мазен на допир. Потекнувајќи од францускиот термин Gants de Suede што значи „шведски ракавици” и е изработен од внатрешната страна на животинската кожа. Неживотинските микрофибер ткаенини го нудат истото чувство како и антилопот, но се подолготрајни и поотпорни на вода. Поради својот специфичен нежен изглед антилопот е совршен во комбинација со тантела, но и за разни видови на украсувања на облеката, обувките и додатоците.
На прв поглед би можело да се помисли дека нема ништо ново околу реоткривањето на антилопот, но новите колекции покажуваат дека селекциите се бесконечни- од женствени и носливи парчиња до класични и некои поспортски. Некои дизајнери ги преработија авијатичарските јакни во нивните колекции, други одлучија да внесат текстура и контраст со додавање или мешање на ткаенини или пак употребувајќи го на палтата, рабовите и се разбира на додатоците. Антилопот е нашироко употребен во есенските колeкции. Тој е мек на допир и проминиентно разновиден и може лесно да мине низ транзицијата од постудените месеци во пролет. Затоа и не случајно е еден од доминантните трендови кои не очекуваат следната пролет.
Нема коментари