Metallica, Nirvana, Slayer, Iron Maiden, Led Zeppelin, Rolling Stones, AC/DC …се само дел од познатите метал и рок бендови чии маици станаа хит во уличната мода оваа сезона. Повеќе high street брендови, како H&M, „Зара“ и други во своите колекции понудија бели и црни маички по кратки ракави со логоата и кавери од албуми на некои од најпознатите светски групи. Бендовските маици одлично се поклопуваат со враќање на модата и стилот од 90-тите,па и 80-тите. Трендсетерките за време на актуелните модните недели умешно ги комбинираа во повеќе варијанти, кежуал, свечени и отмени, со исечени фармерки, со плисе здолништа, килотки, со костуми и широки долги панталони. Највлијателната модна болгерка Кјара Ферањи има голем избор од бендовски маички, кои ги комбинира во различни прилики. Покрај нејзе, со маичка со хеви-метал или рок група се имаат појавено и Џиџи Хадид, Лејди Гага, Хејли Болдвин, Кендал Џенер, Бехати Принслу и други. Овие маици се доживуваат како впечатлив моден елемен, кој е уште позабележлив доколку девојката што ги носи е навистина фан на групата.
Нема коментари