Панталоните со странични џебови кои потсетуваат на војничка униформа повторно станаа тенденција во женската гардероба, откако минатата година ги забележавме во дизајнерските коликции и уличната мода. Овие панталони првобитно наменети за британките војници, иако имаат „машки“ крој, утилистички функционален изглед, стануваат женствени кога се комбинираат со правилни парчиња – блузи со акцентирани ракави, боди од тантела, „кроп топ“, блузи со деколте, елегантни кошули, дамски чанти и елегантни сандали. Најчесто се маслинесто зелени, а добар контраст создаваат кога се комбинирани со женствена нијанса, како што е на пример розовата. Ги има и во бела, беж и црна боја и во камуфлажен принт, а во уличната мода ги забележавме и во пастелни тонови и во џинс варијанта. За претстојната сезона ги препорачуваме карго панталоните со екстра широк крој, многу џебови и по некој патент. Како модно парче кое е на работ на спортскиот изглед и функционалноста, се носи и со ролки, маици, сакоа, чизми, патики…
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари