Цветни, со пруги, еднобoјни, по прерамки или долги ракави, со карнери… мини комбинезоните стануваат задолжително летно парче во ормарот на секоја модерна девојка. Покрај тоа што се идеален модел за на плажа, тие може да имаат примена и во секојдневниот изглед и со различни додатоци да се носат во различни пригоди во текот на целиот ден. Летово, во лежерните варијанти, носете ги актуелните патики и еспадрили на висока подлога, со mule-сандалите или со високи ријанки. На забави или вечерни изглегувања може да се комбинираат со чевли и сандали на високи потпетици или со балетанки. Моделите без ракави или со прерамки од парче за на плажа може да ги преторите во урбана креација или модел за на летен фестивал во комбинација со елече, кошула или со летно палтенце. Совршено одговараат со сламени шешири, долги ѓердани и други бохо-додатоци. При изборот на моделот внимавајте тој да е малку покомотен, и од полесен материјал. Не е страшно и да е еден број поголем, бидејќи претесните мини-комбинезони ќе го ограничат вашето движење. Бирајте неутрални бои за да си оставите простор за повеќе комбинации што ќе ги правите цело лето.
Модел со пруги
Нема коментари