Има нешто толку моќно во црвената боја која што инстантно ја зајакнува нашата самодоверба. Која и да е магијата на оваа боја, таа има позитивен ефект и нашето расположение и на сликата што ја проектираме преку носењето црвена облека. Црвениот кармин е класика, црвените чевли одлично се вклопуваат во повеќето стајлинзи, а црвениот фустан е евергрин дури и во летнит стил. Го носиме во секакви лежерни и посвечени пригоди, на патување и на работа, како кратки или миди лелеави модели, во комбинација со широк избор на модни додатоци како сламени торби, високи сандали, патики, вечерни чанти, спортски сандали, кожени влечки… И покрај другите интензивни бои кои се тренд оваа сезона, и покрај светлата палета која што е вообичаена за летното облекување, црвената и црвениот фустан е стил на кој постојано се ослонуваме и навраќаме.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари