Временската прогноза вели дека ни претстои топло лето, како ланското. Модната прогноза, пак, се надоврзува, велејќи дека минатогодишниот тренд-патиките ќе се носат и оваа година, но овој пат освежени во комбинација со романтични цветни лелеави фустани.
Спојот на цветен фустан со патики е своевидно враќање на трендот од 90-тите, и времето на ТВ-сериите „Беверли Хилс“ и „Мелроуз плејс“. Но овој пат со цветни креации кои не се носат само на плажа, туку може да се прилагодат и во секојдневниот градски живот, и со патики кои не се само платнени, туку стилизирана верзија на ранерките и на модели за играње тенис. Изберете еднобојни удобни патики, лесни за комбинирање со различни стилови и принтови. Можете да гиноситеи моделите на платформа со нагласен ѓон.
Фустанот може да биде со еден повторлив принт или микс од неколку шари, споени во една приказна. Кројот и материјалот може да ја следат линијата на телото, но може да бидат полежерни и воздушести, за полесно издржување на топлите денови и ножи. Овој тренд може да го примените и оваа пролет, комбинирајќи го со кожна или тексас јакна, а секако, пробајте и со еднобојна бомбер јакна. Ѕвездите како Дакота Џонсон, Моли Симс и Суки Вотерхаус веќе го применуваат овој тренд во својот секојдневен изглед.
Нема коментари