Симбол на британскиот конзервативен изглед, џемперите и елеците со ромбоидни форми и со типичниот argyle-дезен, повремено биле дел од нашиот стил, преку детските модели, тинерџерските денови и како тренд кај машката мода. Оваа шара во вид на ромбови сега се враќа во мода и е дел од дизајнерките колекции на „Луј Витон“ и Викторија Бекам. Викторија неодамна беше фотографирана во комбинација од својата колекција, а во која главна улога има темнозелен џемпер со оваа шара.
Новите модели со ромбови се најчесто со широк крој, што е исто така во тренд, а има и опции со ведри бои. Се носат со фармерки, плисирани здолништа или штофени миди здолништа. Ги има и ви понудите на хајстрит-брендовите како „Манго“, „Зара“ и „Масимо Дути“. Овие џемпери успешно ја разигруваат монотонијата на зимската облека.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари